Мачителот на коњот кривично ќе одговара


Полицијата поднесе кривична пријава за измачување на животно, против насилникот кој до смрт се иживуваше на коњ во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв. Според кривичниот законик, за вакво дело следува казна до една година затвор.konj igladnet

Два дена по скандалот со грозоморниот случај на ладнокрвното убиство на животното, и жестоката реакција на јавноста, сторителот е казнет, но, на испт уште еднаш се става ажурноста на надлежните кои не треба да дозволат вакво нешто да се повтори, особено ако се знае дека сторителот чува уште едно вакво животно, чиј живот е во ризик и би можел да заврши фатално.

Полицијата, вчера, на сторителот на овој громозорен чин, му поднела  прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир, за што според член 29 од надлежниот Зконот, казната се движи од 100 до 400 евра.

Јавноста викендов ја потресоа фотографии од изнемоштен коњ во дворот на ова училиште, кој истиот ден почина, што резултираше со бројни осуди и брање одговорнот од надлежните кои дозволуваат и не санкционираат изживување со животното, кое според очевидци се случувало многу често, а особено што тоа се случува во дворно место на образовна институција.

Како што претходно објавивме, според граѓанското здружение „Анима Мунди“, сопственикот на животното имал навика, да купува коњи и да ги изнемоштува до смрт, за потоа со нив да храни кучиња кои ги подготвувал за борби, што пак, претставува кривично дело за кое се одговара по закон.

Оттаму тврдат дека насилникот имал уште еден коњ, кој го чувал, со истата цел, да го измачува до смрт и месото да им го даде на кучињата кои ги подготвувал за борби. По настанот, велат, другиот коњ го сокрил, а се шпекулира дека жвотното е однесено во селото Кучково.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1