Најголемата тајна на пронајдениот нацистички златен воз?!


Нацистичкиот воз, најголемата мистерија која последните денови ја окупира јавноста, би можел да содржи делови од познатата „Килибарна соба“ (Amber room) сочинета од злато, килибар и мноштво скапоцен накит, која е ограбена во текот на Втората светска војна по влегувањето на Црвената Армија во Пруското кралство.

voz nacisticki

Новинарот Том Бовер, автор на текстот „Нацистичко злато: 50 години Нацистичко-швајцарски заговор“, рекол дека постои исклучителна веројатност во нацистичкиот воз кој го бара целиот свет да се скриени голем број уметнички дела и скапоцен накит, а не златни прачки, како што досега се претпоставувало. Она на што, всушност, се надеваат дека ќе биде пронајдено во внатрешноста на возот скриен некаде во полските планини е познатата „Килибарна соба“ која исчезнала во 1941 година од палатата на Катарина, која се наоѓа недалеку од Ст. Петерсбург, а која служела како летниковец на руските кралеви.

Нацистичката војска ја опустошила собата чија вредност е процената на 250 милиони фунти кога во 1941 година влегле во летниковецот на руските кралеви.

– Доколку се потврдат сомнежите дека станува збор за возот кој содржи голема количина уметнички дела, во него би можеле да се пронајдат дијаманти, рубини и драги камења и нешто за што веќе долго се трага, познатата „Килибарна соба“ – рекол Бовер.kil-sob-kornelius-01-700x400

„Килибарната соба“ била исклучително скапоцена просторија сместена во палатата на Катарина, а била подарок од кралот на Прусија на рускиот цар Петар Велики во 1716 година. Иако Русите се обиделе да ја прикријат вистинската вредност на оваа соба, налепувајќи тапети преку ѕидовите опточени со злато, не успеале. Германците знаеле што се крие зад тапетите. Својот плен со воз го однеле до дворецот Коенигсберг во тогашната источна Прусија, недалеку од денешниот Киљинград. Иако сметале дека добро го скриле, целиот плен во 1945 година исчезнал при воздушниот напад на градот. Додека некои тврделе дека градот заедно со дворецот и неговите тајни засекогаш е уништен во нападите, постојат записи кои сведочат дека виделе воз со 40 вагони како се оддалечува од дворецот малку пред дворецот да падне во рацете на Црвената армија.

Бовер смета дека е можно возот преполн со скапоцени предмети да ја премине километражата од 650 км преку Полска до Валбжих на границата со Чешка каде се претпоставува дека се наоѓа. Во саботата е јавено дека изгубениот воз полн со нацистичко богатство е пронајден на подрачјето на градот Валбжих, што го потврдил заменикот градоначалник на Валбжих, Зигмунт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1