Се напила алкохол и останала парализирана?


Студентката Рејчел Бејли (20) приметила необично чувство во нозете, пред да излезе со своите пријатели на по некоја чашка алкохол. Утредента почнале да ја болат нозете и кичмата, но била убедена дека тоа е поради мамурлакот. Меѓутоа ден потоа воопшто не можела да ги помрдне нозете, ниту да зборува и дише.proxydfbzd

Ја однеле на преглед, докторите и дијагностицирале Гијен – Бароев синдром, кај кого имунолошкиот систем го напаѓа нервниот, по што мозокот отекува. Оваа болест напаѓа еден или двајца на 100.000 луѓе.

Гијен – Бароев синдром е ретка и озбилна болест на периферниот нервен систем. Причината е непозната, но докторите претпоставуваат дека е предизвикана од инфекција.

Симптомите обично се развиваат две до четири недели по нападот, а најмногу се манифестираат во рацете и нозете. Пациентите осеќаат болка, укоченост и слабост во мускулите.

Рејчел била парализирана 5 месеци и времето во болница го поминувала плачејќи и врискајќи. Меѓутоа, лекарите се зачуделе кога Рејчел почнала полека да мрда и да зборува.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1