Мафијаш изрешетан на полна плажа


„Петнаесетгодишно момче поврзано со наполитанската мафијашка организација „Камора“ е убиено на плажата во близина на местото Терацина, летувалиште кое се наоѓа јужно од Рим. „Вистинската ликвидација“, предизвика паника на полната плажа“, пренесуваат италијанските медиуми.


По првичните информации од полицијата, римскиот печат пишува дека убиениот бил намамен во замка и бил дословно ликвидиран. Излегол од морето откако му заѕвонел мобилниот телефон, а откако тргнал накај улицата, покрај плажата, да зборува, бил веднаш убиен. Полицијата вели дека убијците испукале најмалку пет куршуми кои предизвикале паника и бегство на присутните. Според „Korijere dela sera“, во убиеното момче биле испукани седум куршуми.

Еден од двајцата напаѓачи бил уапсен, а другиот успеал да им побегне на полицијата.

Ова лето италијанските медиуми пишуваа за разни спектакуларни случувања на брегот кои што се наоѓа меѓу Наполи и Рим, вклучително и убиство со девет куршуми во грб на еден од припадниците на „Каморе“, кој бил условно пуштен на слобода, а пишуваа и за голем број на бомби кои биле складирани меѓу кабините за пресоблекување во летовалиштето Остија.
Полицискиот синдикат „Slip“, го осуди продорот на организираниот криминал во локалната економија, додека градоначалниците на Остија и Нетун, го забранија присуството на криминалци кои што се условно пуштени на слобода.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1