Мафијата убила и запалила тригодишно дете поради долг на дедото


Тригодишно момче е убиено од страна на мафијата, а потоа неговото тело е запалено поради долг заради дрога меѓу два ривалски кланови, претпоставува полицијата.

mafiadete1

Телото нс Никола Камполондо е пронајдено викендов во запален автомобил пронајден зад напуштена плевна.

Тука се пронајдени и телата на неговиот дедо Салваторе Ланичели (52) и неговата девојка Ибица Тоус (27).

Убиството на детето ги шокираше истражителите во Италија, каде се уште се верува во митот дека мафијашките босови не се одмаздуваат врз деца и жени. Реално, имало многу невини жртви во мафијашките пресметки во последните години.
Дедото се грижел за тригодишниот Никола нагалено викан Коко бидејќи таткото и мајката на детето, која му е ќерка на Ланичели биле во затвор поради дрога. Двајцата се уапсени во операцијата Цунами кога полицијата пресече мафијашки ланец на трговија со халуциогени дроги.

mafija2Недостасува и вујкото на детето кој неодамна бил излезен од затвор и бил под судско надгледување и морал да биде навечер дома меѓу 20 и 8 часот наутро.

Истрагата за варварскиот чин пред се кон тригодишното дете е во тек.

И во 2009 година мафијата тешко ранила 11 годишно момче кое потоа починало во волница, а во 1996 година сицилијанската мафија задави 13 годишно момче бидејќи таткото одлучил да сведочи против мафијата.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1