Џесика Арендел (33) го спасила животот на своето шестмесечно бебе така што го ставила во ВЦ шољата, кога нејзиниот сопруг Антони Дејвис пукал во неа.
Полицијата стигнала во семејната куќа во неделата наутро, на повик на соседите кои пријавиле пукање. Дејвис инаку е маринец кој повеќе пати пијан ја злоставувал својата сопруга.
Тој ден тргнал да ја брка со пушка по куќата, а таа побегнала на третиот кат, каде заедно со бебето се заклучила во тоалетот.
Претчуствувајќи што ќе се случи, Џесика смогнала сили и го скрила своето бебе во WC шоља.
Дејвис откако ја застрелал Џесика потоа и самиот си пресудил. Бебенцето е веднаш префрлено во болница и се наоѓа во добра состојба.