Мајка и ќерка мачени и претепани од шестмина разбојници во Кумановско


Шест маскирани лица вчера утрината извршиле разбојништво над 92-годишната Д.Т. и нејзината ќерка Љ.Т. во семејната куќа во кумановско Опила.policija sredna

-Откако влегле во куќата, разбојниците ги легнале на подот, по што физички ги малтретирале удирајќи ги со раце по телото, а потоа им ги врзале рацете и нозете и со електрична палка ги онесвестиле, информираат од полицијата.

Разбојниците ја преварале куќата и одзеле 3.000 евра во разни апоени, по што се упатиле во непознат правец.

Оштетените се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа на ПС-Крива Паланка. Полицијата превзема мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1