Триесет и две годишната Марија С. е задржана во притвор, бидејќи има основа за сомнеж дека на крајот на октомври, додека престојувала на Детското одделение на вршачката болница, намерно го повредила својот син, стар само една недела.
Марија напрво негирала дека воопшто дошло до овој инцидент, во кој детето се здобило со фрактура на коските на главата.
Сепак, под притисок на полицијата, таа признала дека намерно го повредила новороденчето, за да ги обвини вработените во болницата и така да се стекне со можност од таа здравствена установа да бара парична отштета.
Таа му ја удрила главата на бебето во мијалникот и му нанела тешки телесни повреди. Полицијата против Марија поднела кривична пријава за семејно насилство.
– Таа рече дека главата на бебето му ја удрила во славината додека го капела, но поради тежината на повредата, сепак, се сомнева дека го удрила на ивицата на мијалникот, вели извор близок до истрагата и додава дека засега не се размислува за обид за убиство.
Бебето веднаш по утврдувањето на повредата е префрлено на Институтот за мајка и дете во Белград. Докторите велат дека не е во животна опасност и не е потребна хируршка интервенција.