Дејвид Роџерс (61), маж кој е на лекување од користење на дрога, сокрил игла во леб, во маркет со цел неговата сопруга да не ја пронајде иглата. Како што тој објаснил, истата ја користел пред два месеци.
Една мајка од Велика Британија останала шокирана кога нашла хероинска игла во векна леб. Имено, додека на нејзиниот десетгодишен син му подготвувала сендвич пронашла искористена игла.
Изнервирана и видно потресена повикала полиција која со помош на ДНК тест се утврдило деак иглата ја користел Дејвид Роџерс (61) од Велика Британија.
Имено, како што тој изјавил во полиција, кој инаку се одвикнува од користење на дрога, ја сокрил иглата во лебот во еден маркет каде пазарувл со својата сопруга, а сето тоа го сторил само за да не ја види сопругата иглата. Тој додал дека иглата ја користел пред два месеци. Роџер изјавил дека тоа го направил во момент на очај и дека му е многу жал, бидејќи сепат тој е и татко и дедо.