Мајка објавила фотографија од ќерката на умирање:„Сакам да ги предупредам сите што може да се случи од една таблета“


Откако 15-годишно девојче умрело поради конзумирање на една екстази таблета, нејзината мајка одлучила да објави слика од последните моменти на нејзината ќерка со цел да ги предупреди другите.
Шакира Пелјо колабирала во петокот вечерта, а само еден ден подоцна почина во болница по наводно голтање само една таблета на која стоело логото на брендот Duplo.
“Тоа е ужасна слика и долго време дискутиравме дали треба да ја објавиме.Сепак, решивме да ги предупредиме другите тинејџери што може да им се случи ако тие консумираат такви работи. Нашата Шакира никогаш нема да се врати,нејзиниот живот престана. Ја снимив оваа фотографија за да може подоцна да и ја покажам, никогаш не помислив дека нема да се опорави”, рекол Ли Бушар, партнер на мајката на Шакира.

Ли, исто така, ги повикал сите што имаат сознанија за тоа како Шакира ја набавила дрога да пријават во полиција.
“Не станува збор за забава, ов ги убива луѓето. Нема да предадат никого, затоа што тие не го продавајте она што тврдат дека го за продават. Се работи за тоа дека можеш на некого да му го спасиш живот “, рекол тој.

Со Шакира на брза помош завршиле уште тројца 15-годишници кои исто така биле во многу лоша состојба, но тие по малку се опоравуваат.

Полицијата уапси двајца 17-годишници за кои постои сомневање дека се вмешани во набавката на нелегалната супстанца.
Шакира Пелоу од англискиот Камборн на последниот ден од нејзиниот живот со пријателите во паркот конзумирала екстази. На почеток се чувствувала еуфорично, но наскоро и се слошило таа беше болна, а била без свест кога брзата помош ја однела во болница, пишува Daily Mail.
Откако пристигнала во болницата, нејзиното срце застанало во два наврати па морале да ја оживуваат. Наскоро, органите почнаа да и откажуваат и лекарите ја ставиле на дијализа, но несреќната девојка починала веќе следниот ден.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1