Ужасен инцидент се случил кога 3 годишно дете нашло полуавтоматска пушка дома.
Од полицијата во Тулса, Оклахома, каде три годишно дете ја застрелало својата мајка во главата додека таа и менувала пелени на едно годишната ќерка, ја објавија оваа вест.
26 годишната Криста Енгелс тој ден била дома сама со децата. Нејзиниот сопруг и мајка и кои живееле во истиот дом, биле излезени.
Според „Tulsa World“ , три годишното дете со оружјето ја застрелало својата мајка во главата додека таа и менувала пелени на неговата помала сестра.
– Кога бабата се вратила дома ги нашла двете деца покриени со крв – изјавил сосед за локална телевизија.
Полициски инспектор за NBC News изјавил дека во куќата имало големо количество на оружје.
Детето ја нашло полуавтоматската пушка под креветот.
– Подготвени сме да направиме се што треба да му обезбедиме сигурност на детето. Ова е ужасен, ужасен инцидент – изјавил инспекторот Дејв Вокер.
Сопругот на убиената жена, возач на камион, за време на несреќата бил на пат.