Очи во очи во судница се сретнаа мајката на убиеното девојче и вонбрачните сопружници обвинети дека го претепале до смрт.
Таа со солзи во очите побара да бидат осудени на доживотен затвор двајцата соседи на кои им верувала и им ги оставала децата да и ги чуваат додека одела на работа, пренесува Канал 5
Судењето се одложи бидејќи адвокатката на двајцата обвинети не го исполнува условот според новиот Зкп дека треба да има најмалку 5 годишно работно искуство како адвокат за да може да застапува клиенти обвинети за кривични дела за кои е предвидена најмалку 10 годишна казна затвор. До следното рочиште ќе треба да ангажираат нов бранител.
Според она што беше кажано во судница Џемаил Браими е во притвор со привремен престој во државава и е апатрид односно нема никакво државјанство, неосудуван и е татко на 4 деца.
Последното го добил пред две недели и затоа невенчаната сопруга Јасмина Махмут која е второобвинета се брани од слобода. Но не смее да ги гледа и да контактира со 3 малолетни деца кои се сместени во згрижувачко семејство бидејќи судот кој и определи мерки на претпазливост (забрана да го посетува местото каде што живее згрижувачкото семејство, забрана да воспоставува контакт со децата и забрана за напуштање на живеалиште).
Според обвинението повеќе пати го удирале 3 годипното девојче со тупаници, клоци и кабел по целото тело со што му нанеле поголем број на повреди. Од повредите настапил трауматски шок кој довел до престанок на важно-виталните органи и настапила смрт.
Како што првично објавија надлежните причина за безмилосното тепање била тоа што девојчето измокрило на теписонот кај соседите.
Мајката бара доживотна казна за соседите обвинети за убиство на нејзината ќерка.