Мајката на починатиот Даниел: „Погребав два сина, едниот ми се удави во Дунав“


Даниел Доминиковиќ (22) , Кристијан Фазлија (20), неговата девојка Исидора Демири (19) и нивниот роднина Сеад Круези (20) загинаа пред два дена во тешка сообраќајна несреќа која се случи во близина на Белград во местото Ресник.

Мајката на Даниел е во тежок очај, скршена од болка и не може да се помири со својата судбина. За трагедијата да биде уште поголема, деновиве ќе го погреба Даниел, а пред само две години го загубила и вториот син.majka-danielll

-Немам кој да ми ја наследи семејната лоза, немам на кого раката да ја потпрам. Мојот син Марко имаше 13 години кога се удави во Дунав во 2012-та година додека беше во детско село. Јас ниту од таа несреќа не се опоравив, а сега што ли ми се случи- уште една трагедија, раскажува мајката на Даниел за српските медиуми.

Тешката сообраќајна несреќа младите ја доживеале на враќање од свадба. На свадбата Даниел бил кум.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1