Пацинетката која утрово почина во скопскиот Клинички центар Мајка Тереза боледувала од тешка малигна болест во напредна фаза.
Болеста се комплицирала и во нејзиното тело почнале да се формираат гнојни кеси, дознава Максим од болнички извори.
Нејзината состојба била исклучително тешка, велат нашите извори. Откако лекарите не можеле да сторат ништо за да и го спасат животот, пациентката починала. Нејзиниот син тогаш земал пиштол и почнал да пука во лекарот.