Македонец е заменик градoначалник на Тирана


Македонец по потекло од Голо Брдо е втор човек на албанската метропола.

По превземањето на функцијата градоначалник на Тирана од страна на Ерион Велиај, од Социјалистичката партија, за негов заменик е наименуван Арбјан или како што пријателите го нарекуваат Арби Мазнику, пренесува МИА.tirana gradonac

Веста ја потрвдија претставници на македонските асоциации во Албанија, кои оценуваат дека тоа е многу значајна функција и придобивка за многубројната македонската заедница во Тирана.

Марзнику живее во Тирана, но потекнува од селото Врмица, област Голо Брдо.

Ова не му е прва висока функција. На новата должност доаѓа од местото заменик министер во Министерството за образование и спорт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1