Голема тага поради монструмот од Србија кој си го уби детето


Горан Мишановиќ од Србија и се заканил на својата сопруга дека цел живот ќе жали бидејќи го напуштила, но никој не можел да поверува дека епилогот ќе биде толку трагичен.

Горан прво ја убил својата тригодишна ќерка, а потоа се самоубил. Српските медиуми тврдат дека телата на мажот и на девојчето се пронајдени вчера во семејната куќа.tatkodetee

По обдукцијата резултатите покажале дека девојчето се здобило со две простелни рани во градите. Еден куршум ги погодил белите дробови, а другиот во срцето.

Предраг Стефановиќ, вујкото на настраданото девојче, вели дека не може да си дојде при себе од болка и тага.

– Не знам што би ви кажал. Тага, болка, и јад. Не можам да зборувам. Се прашувам дали е возможно толку многу да му се помати паметот и да го направи овој ужасен масакр. И порано беше ладна личност, но ова е ужасно што го направи., вели низ солзи Стефановиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1