Македонец ја чува границата меѓу Таџикистан и Авганистан


Македонски граничар кој ја „чува“ 1.340 километри долгата граница на Таџикистан со Авганистан доби медал за заслуги за развој на безбедноста. Горанчо Стојковски речиси две и пол години работи во Мисијата на ОБСЕ во Таџикистан на позицијата Советник за граничен менаџмент. Неодамна тој е одликуван од страна на командантот на Националната гранична служба со медал за заслуги за развојот на безбедноста во Таџикистан и добил унапредување и во склоп на Мисијата на ОБСЕ, каде што е поставен за раководител на Одделот за граничен менаџмент, пишува Утрински весник.

vojnici avganistan

„Уште од самиот почеток работата е исполнета со големи предизвици, поврзана со комплицираната гранична состојба во регионот на Централна Азија и со соседите со кои граничи Таџикистан, вклучувајќи ја и 1.340 километри долгата граница со Авганистан, но и неутврдените граници со Узбекистан, Киргистан и Кина. Слабо обученета и опремена Национална гранична служба и другите безбедносни агенции, вклучени во граничната безбедност, секојдневно се соочени со бројни предизвици, почнувајќи од тешко пристапниот терен на кој се протега границата, а кој вклучува и пустински реони, но и планински врвови со висина над 5.000 метри“, вели Стојковски.

Дополнителен проблем се и ограничената инфраструктура и постојаните инциденти и судири со организирани криминални групи, шверцерите со дрога, радикалните исламистички и терористички групи и инциденти со соседните гранични служби и население, поврзани со неутврдената граница и етнички проблеми кои се во постојана закана од ескалација. Според Стојковски, професионалниот предизвик да се пренесе знаењето и искуството во трансферот на граничната безбедност од армиска во полициска структура и да се поддржи имплементацијата на Националната стратегија за интегрирано гранично управување, слично како што беше сторено во Македонија и другите балкански земји пред десетина години, биле пресудни тој да замине во во оваа далечна земја во 2012 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1