Реномираниот светски магазин Форбс обајви во јуни 2013 година листа на најбогати шефови на подземјето, а тоа што е интересно е дека осомничениот за трговија со коакин Дарко Шариќ се најде на високото пето место.
На прво место и натаму неприкосновен е водачот на руската мафија Семјон Могилевич за кого се проценува дека располага со 54 милијарди американски долари.
На листата има дури 2 босови од Балканот. На петто место е Шариќ кој со 27 милијарди долари.
Додека на 10 позиција се наоѓа албанскиот нарко бос од Македонија Даут Кадриовски, кој падна за една позиција во однос на минатата година пренесува порталот Кафе дел Монтенегро.
Според оваа листа на второ место по богатство е сицилијанскиот кум на Коза Ностра Матео Месина Денаро, познат како Дијаболик, со имот од 48,5 милијарди долари.
На трето место е кинеско-тајвански шеф на Тријадата, Белиот Волк со 42 милијарди долари и 15.000 јуана. Следи Хоакин Гузман Лоера наречен Ел Чапо, мексикански шеф на Синалоа картелот тежок 35 милијарди долари.