Македонец преживеал вистинска драма во Бугарија. Се нашол на гости кај пријатели во една од најпоплавените области – Бургас , токму во екот на потопот. Посетата ја завршил евакуиран од Бургас и веднаш штом стигнал на сигурно се јавил во македонската амбасада во Бугарија. Амбасадорот Благој Хаџински за Сител вели, нема потреба од паника , нашите туристи се безбедни , не е загрозен ниту еден туристички објект во летувалиштата во Бургас, Созопол и Приморско.
Амбасадор на РМ во Бугарија- Два дена не се тргнав од телефонот, стојам на располагање на нашите туристи , но до сега никој од оние во туристичките комплекси не побара помош. Тие се на сигурно. . вели Ханџиски
Поплавите во Бугарија зедоа три жртви. Две жени кои се возеле по патот Созопол- Бургас биле однесени од надојдената вода, а големиот бран им ги однел автомобилите во планината. Од надојдениот бран вода не успеал да се спаси и 27 годишен овчар. Неколку стотици лица се евакуирани , десетици куќи и имоти се поплавени. Гледката е стравична, возила пливаат под вода…
Во спасувачките акции учествуваат пожарникари, полицајци, вклучени се и хеликоптери за извлекување. Интервенираат во 80 населени места .
Најобилни врнежи од 176 литри на метар квадратен , кои паднаа за 24 часа го погодија најмногу Бургас, Јамбол, Сливен, Стара Загора, Пловдив, Пазарџик.
Бугарите спас гледаат во смирување подобрување на временските услови и помалку дожд. Утре во Бургас е прогласен ден на жалост поради жртвите од временската непогода.