Македонец преживеал вистинска драма во Бугарија – го евакуирале од најпоплавената област


Македонец  преживеал вистинска драма  во  Бугарија.     Се нашол на гости  кај пријатели во една од најпоплавените области – Бургас ,  токму во екот на потопот.   Посетата  ја завршил евакуиран од  Бургас и веднаш  штом стигнал на сигурно се јавил во  македонската амбасада во Бугарија. Амбасадорот Благој Хаџински  за Сител вели,  нема потреба од паника , нашите туристи се безбедни , не е загрозен ниту еден туристички објект во летувалиштата во Бургас, Созопол и Приморско.

poplavi bugarija 33Амбасадор на РМ во Бугарија-  Два дена не се тргнав од телефонот, стојам на располагање на нашите туристи , но до сега никој од оние во туристичките комплекси не побара помош. Тие се на сигурно. . вели Ханџиски

Поплавите во Бугарија зедоа три жртви.  Две жени  кои се возеле по патот Созопол- Бургас  биле однесени од надојдената вода, а  големиот бран им ги однел автомобилите во планината. Од надојдениот бран вода  не успеал да се спаси и 27 годишен овчар.   Неколку стотици лица се евакуирани ,  десетици куќи и имоти се поплавени. Гледката е стравична, возила пливаат под вода…

Во спасувачките акции учествуваат пожарникари, полицајци, вклучени се и хеликоптери за извлекување.  Интервенираат во  80 населени места .

 Најобилни врнежи од 176 литри на метар квадратен , кои паднаа за 24 часа го погодија најмногу Бургас, Јамбол, Сливен, Стара Загора, Пловдив, Пазарџик.

Бугарите спас гледаат во смирување подобрување на временските услови и помалку дожд. Утре  во Бургас е прогласен ден на жалост поради жртвите од временската непогода.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1