Македонец со револуционерно откритие кое ќе спасува животи


Змијата може да убие човек со помош на нејзиниот отров, но се чини дека понекогаш таа може да спаси нечиј живот на истиот начин. Нов производ за тестирање на крвта кај тешко заболените пациенти содржи отров од смртоносна австралиска змија. 

makedonec-na-chelo-so-revolucionerno-otkritie-koe-kje-spasuva-zhivoti-2Загризувањето од овие змии е опасно бидејќи нивниот отров предизвикува засирување на крвта. Тим истражувачи од универзитетот во Квинсленд, водени од д-р Гоце Дименски, откриле начин со кој го користат отровот за побрзо да ги добијат резултатите од тестовите за крв на пациентите кои претходно имаат примено лекови за спречување на засирување на крвта. Д-р Гоце Дименски вели дека отровот помага во добивање побрзи и поточни резултати од крвните тестови.

„Гледајќи клинички, резултатите ќе бидат достапни за побрзо време. Постои можност за намалување на болничкиот престој за пациентите и зголемување на шансите за преживување, со тоа и спасување нечиј живот“, вели тој.

20140418-makedonec-na-chelo-so-revolucionerno-otkritie-koe-kje-spasuva-zhivoti-1Поддршката ја дава и министерот за наука и иновации на Квинсленд, Ијан Волкер. Тој изјавил дека напредокот претставува добра вест за сите пациенти. Министерот додава: „Ќе го намали времето за тестирање од 40 минути на 10 минути“. Во некои случаи, овие минути може да прават голема разлика.

Во тек се преговорите за потенцијални партнери за комерцијална употреба. Се претпоставува дека ќе бидат произведени милијарди тестови годишно. Од друга страна, истражувачите велат дека немаат недостиг од отровот.

Fakulteti.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1