Македонец избeгал од Централниот затвор во Софија.
Според бугарската агенцијата БГНЕС, македонецот Никола Ристевски (30), вчера утрото успеал да ја прескокне оградата од затворот.
Порталот Либератс пишува дека откако тој ја прескокнал оградата влегол во автомобилот кој го чекал и се оддалечил од затворот.
Ристевски издржувал затворска казна за криминал со кредитни картички.