И Сноуден ја сака Ана – ќе има ли шпионски брак? (Фото)


Едвард Сноуден денеска изјави дека е подготвен да се ожени за руска шпионка Ана Чепмен, која таа сама му предложи брак преку „Твитер”, пренесе Би Би Си.

„Би се оженил за Чепмен, независно од сите други околности. Само да ја видете како изгледа! “- ова го напиша Сноуден на својот Твитер профил одговарајќи на прашањата од читателите.

 snowdenTwitter

Доколку тој се ожени со поранешната руска шпионка, Сноуден според закон може да добие руско државјанство, вели близок извор.

– Сноуден ќе се ожениш ли за мене, напиша на Твитер 31-годишната Чапман, која беше вмешана во руско-американскиот шпионски скандал во јуни 2010 година.

ana tviter

snowden ana

Сепак според руските медиуми кои прашале во матичната служба – Екс агентот на ЦИА и екс разузнавачката Ана Чепмен не можат да се венчаат во транзитната зона на рускиот аеродром Шереметјево бидејќи рускиот конзулат во транзитната зона не склопува бракови, изјави за агенција РИА Новости претставник на конзулатот на аеродрмот.

Сноуден нема веќе важечки пасош, бидејќи САД му ја поништи патната исправа, па поради тоа не може да излезе од транзитната зона на рускиот аеродром, не може ни да се ожени со било кого бидејќи неопходен е пасош при склопувањето на брак на странски државјанин со руски државјанин.

Чапман денес е телевизиска водителка и консултатнт во банка. Таа учествува во модни ревии, фотосесии, а ја одби понудата за да се слика за „Плејбој“.

chapman_01-471x600

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1