Македонец загина во Бања Лука – работел за Гранит


Македонецот Златко Г. вработен во компанијата „Гранит” синоќа починал во Клиничкиот центар на Бања Лука. Како што соопштуваат од болницата тој синоќа еден час пред полноќ им подлегнал на сериозните повреди со кои што се здобил во неделата.

granitНесреќата се случила во неделата во Штрпце кога возачот на камион кревал приколка која несакајќи допрела до жици на далновод, по што избил пожар, а тој се здобил со тешки изгореници по телото.

Македонецот веднаш бил пренесен во болница и приклучен на апарати, но за жал иако лекарите направиле се да му го спасат животот, тој им подлегнал на повредите во болницата.

Началникот на Општина Прњавор, Синиша Гатариќ ја обвини Владата на Република Српска и јавното претпријатие „Путеви РС“ дека се одговорни за несреќата, наведувајќи дека патот се гради без да постои главен проект и градежна дозвола, пренесува белградски Курир.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1