Дванаесет дена заробен на меѓуграничниот простор меѓу Унгарија и Србија. Македонски државјанин кој враќајќи се од Германија го загубил својот пасош, речиси две недели неможе да се врати дома, пренесува телевизија Сител.
Проблемот настанал кога сакал да ја помине Унгарско-Српската граница, но откако забележал дека му недостасува пасошот, кај граничните служби го пријавил случајот и се идентификувал со својата лична карта. Тој стапил во контакт и со македонската амбасада во Будимпешта, каде исто така ја пријавил случката. 50 годишниот македонец во телефонски разговор за Сител вели дека вината за неговиот долг престој на граничниот премин лежи во унгарските власти не покажуваат ажурност.
За да се реши ситуацијата унгарската гранична полиција треба да испрати факс до македонската амбасада, и оттаму да одговорат дека станува збор за македонски државјанин. Сител стапи во контакт и со амбасадорот во Будимпешта Игор Есмеров, кој вели дека ќе ги вложи сите напори македонецот да се врати дома.
Но ова се само дел од проблемите со кои може да се соочите доколку патувате во странство. Ако во случај го загубите вашиот пасош, министерството за надворешни работи советува како да постапувате.
Атанасов вели дека во вакви или слични случаи неретко министерството и финансиски ги помага лицата да се вратат во Македонија. Покрај достапноста на амбасадите во секој момент, во следниот период ќе биде активиран и универзален број за контакт на министерството за надворешни работи, каде македонските државјани ќе може да пријават изгубен пасош или да побараат помош.