Македонијa 16 во светот според интелигенција – грците пред нас


Сингапур со просечен коефициент на интелигенција (IQ) 108 се наоѓа на првото место на листата на најпаметни држави во светот, додека Македонија е на 16. позиција со IQ 91.

intelegencijaЛистата изработена врз основа на десетгодишен труд на тим истражувачи составен од британскиот психолог Ричард Лин, финскиот политиколог Тату Вананен и холандскиот психолог Јелте Вичертс содржи анализирани податоци за интелигенцијата на жителите на 113 држави во светот.

Литата ја предводи Сингапур со просечен IQ 108, а следат Јужна Кореја со 106 и Јапонија со 105. Во регионот најдобро рангирана е Словенија, на 11. место со просечен коефициент на интелигенција 96, објави порталот Photius.com.

Италија е четврта со IQ 102, Исланд и Монголија се на петто место со 101, а Швајцарија е шестта. Седмото место го делат Австрија, Кина, Луксембург, Холандија, Норвешка и Велика Британија со IQ 100. Белгија, Канада, Естонија, Финска, Германија, Нов Зеланд, Полска и Шведска со просечен коефициент на интелигенција 99. На деветто место се Андора, Австралија, Чешка, Данска, Франција, Унгарија, Литванија, Шпанија и САД со IQ 98. Русија, Белорусија, Малта и Украина се на 10. место со IQ 97.

По Словенија на 11. следи Бугарија на 14. место со IQ 93, Грција на 15. со 92, додека Хрватска, Албанија и Босна и Херцеговина го делат 17. место со просечен коефициент на интелигенција 90.

Целосната листа е достапна на следниот линк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1