Македонската Влада одлучи да и понуди помош на Република Бугарија за справување со последиците од поплавите коишто ја зафатија оваа земја.
Конкретната помош ќе биде дефинирана на првата наредна седница на Владата по извршени консултации со бугарската страна и во зависност од нивните интервентни потреби, информираат извори од Владата.