Македонија: Татко ја ранил својата 16 – годишна ќерка


На 05.12.2014 година во 21,15 часот во ПС-Гостивар, од страна на МЦ-Гостивар  било пријавено дека за укажување медицинска помош се пријавило шеснаесетгодишно женско лице од Гостивар. По извршениот разговор со дежурниот лекар било утврдено дека истата се здобила со престрелна рана од огнено оружје во пределот на рамото по што  е префрлена во КЦ-Скопје.

soobrakajka - brza pomos

 

По преземените мерки дознаено е дека со повредита се здобила во семејниот дом, а истата и била нанесена од нејзиниот татко М.Ф. (38). По дадена Наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ф., каде бил пронајден и со потврда за привремено одземени предмети одземен пиштол „Црвена Застава“ кал.7,62 мм и една рамка со осум куршуми, а исто така пронајден е и друг пиштол „Црвена Застава“ кал.9мм – оружје од кое се сомнева дека е пукано. Увид извршила екипа од ПС-Гостивар.

По целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1