Македонија треба да плати 9000 евра отштета за трансродовото лице „Икс”


Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур пресуди во корист на трансродовото лице „Икс” кое ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и на неефикасен правен лек во земјата.

Судот ја уважи тужбата врз основа на членот осум на Конвенцијата за човекови права што се однесува на повреда на правото на приватност и изрече казна од девет илјади евра нематеријална штета која државата ќе треба да му ги исплати на лицето „Икс” поради претрпен стрес.

Одбраната на „Икс” се повикуваше во тужбата и на членот тринаесет кое се однесува не неефикасен правен лек. Овој член беше важен за одбраната поради тоа што отвора јасен пат за измени во законската рамка во Македонија.

Сепак, Судот во својата одлука констатира повреда на членот осум „поради отсуство на регулативна рамка”.

Коалицијата Маргини која го поддржуваше случајот на „Икс” пред Стразбур оцени дека по оваа пресуда Македонија има обврска да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот.

Ова е прва одлука на Судот во Стразбур за правата на трансродовите лица во Македонија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1