МАКЕДОНКА ОСОМНИЧЕНА ЗА УБИСТВО: Ја убила мајка си во семејната куќа во Австралија (ВИДЕО)


Студентка во Бризбејн, Австралија е осомничена за убиство, откако нејзината мајка беше пронајдена мртва во нивниот дом, пренесуваат австралиските медиуми.3a05131b00000578-3900832-simona_zafirovska_20_has_been_charged_over_the_murder_of_her_mot-a-9_1478168339521

Се работи за дваесетгодишната Симона Зафировска со македонско потекло, која се сомничи за грозоморно убиство на својата мајка, Радица Зафировска.

Полицијата го нашла телото на Радица на вториот кат од семејната куќа, а јавуваат дека раните по нејзиното тело биле застрашувачки и веројатно се направени со тапи предмети.art_murder2

Мотивите сè уште не се познати, а Симона утре ќе биде изнесена пред суд.

Според австралиските медиуми, Радица и Симона важеле за мирни соседи и никогаш немало проблеми со нив. Радица била вработена како хигиеничарка, а Симона сè уште била на студии.

Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1