Македонката без лицe: „Горев како факел, ме запали љубоморна жена“! (ВИДЕО)


Немам лице и се чувствувам како да сум никој и ништо, вели 28-годишната Дана Вулин, Австралијанката со македонско потекло, на која животот и се претворил во пекол, отако љубоморната жена на момче со кое разговарала на една забава, ја полила со алкохол и ја запалила.nema-licee500

Дана, како што раскажува се претворила во човечки факел, при што се здобила со тешки изгореници на повеќе од половина тело, вклучувајќи го и лицето без кое останала. Тааж во меѓувреме стана медицинско чудо, бидејќи успеала да ја победи смртта.

Таа сега е приморана да носи маска на лицето, и нејзината приказна досега ја објавиле скоро сите медиуми низ светот.dana-izgorena500

Причина за потсетувањето на нејзината страшна судбина е тоа што Дана во неделата ќе ја тргне маската од нејзиното лице.

Дана ќе ја извади маската пред камерите на австралиската телевизија Канал 7 пред стотици милиони гледачи. Таа ќе го види своето лице после 2 ипол години и по 30 болни опреции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1