Македонката која тераше деца на проституција е екстрадирана


Министерството за внатрешни работи успешно ја заврши екстрадицијата на 54-годишната Жанета Баша од Гостивар. Истата беше преземена од грчките органи на прогонот и спроведена на издржување на пресудената казна затвор во времетраење од 10 години во КПУ Идризово.ekstradirana

Баша се бараше преку ИНТЕРПОЛ со меѓународна потерница распишана на 06.04.2014 година по наредба на Основниот суд Гостивар, а беше лишена од слобода во Грција на 22.09.2014 година по што и беше изречена мерка притвор и отпочна постапката за нејзина екстрадиција.

Во 2012 година, Основниот суд Гостивар ја прогласи за виновна за сторено кривично дело „Трговија со малолетно лице“ по член 418-г ст. 2 и изрече казна затвор, а дополнително и ја задолжи на оштетените на име надомест на нематеријална штета им исплати износ од по 400.000,00 денари, во рок од 30 дена од правосилноста на пресудата согласно чл. 102 од ЗКП, а во врска со чл. 189 од Законот за облигациони односи.

За остатокот од имотното правно побарување оштетените биле упатувани на спор.

Поконкретно, таа се товарела дека трудово и сексуално ги експлоатирала малолетничките на начин што оштетените работеле како келнерки и придружнички на гости во угостителскиот објект Делфина во Гостивар и секогаш кога обвинетата ќе им наредела давале сексуални услуги во нејзиниот стан и во мотелите Елита, Монако и Игнација во Гостивар и во други мотели за износ од 2.000,00 до 3.000,00 денари за еден клиент.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1