Македонката со изгорено лице: Се смееше додека ме гледаше како горам (Видео)


Дана Вулин, Македонката од Перт чие лице беше запалено, се вклучи во кампања против насилство во Австралија, а нејзината сестра Светлана Величковски е прогласена за најинспиративна жена за 2014 година.

makedonka zapalenaДевојката од Македонија чија приказна го потресе светот, се здоби со изгореници на лицето откако гневната Македонка Натали Димитровска и фрли ламба во лицето мислејќи дека нејзиниот сопруг ја изневерува со неа, за што си заработи 13 години затвор.

Лицето на Вулин беше целосно уништено, откако претрпе изгореници на кожата до 60 проценти.

Приказната ги потресе Македонците од дијаспората кои донираа пари за закрепнување на „жената без лице“, која преку страница на „Фејсбук“ собираше 250.000 долари за операција.

devojka izgorenaЗа Дана главно се грижи нејзината сестра, Светлана Величковски, која по случајот се посвети на истражување на третманите за закрепнување на луѓе со изгореници.

Дана сними порака за сите да се кренат против насилството: – „Јас сум Дана, жртва на екстремно насилство. Насилството е ужасна епидемија“.

Kurir

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1