Болната мајка ја сместиле на Геријатрија. Пензијата и имотот го присвоиле и ја заборавиле. Нема кој да ја посети ниту да ги плати долговите кон установата каде добива 24 часовна нега. Оваа старица на Геронтолошкиот завод 13 ноември му должи 10 000 евра. И финансиски и емоционално е злоупотребена од најблиското семејство. Но таа е само една од стотината стари и беспомошни пациенти од геријатрија на кои фамилијата им свртела грб и не им ги плаќаат трошоците, пишува Сител.
Над 10 милиони денари е долгот што ополномоштени семејсвта треба да го платат на Геријатрија за негата на нивните блиски. Во судска процедура се 139 предмети. Од установата помош побарале и од социјалните центри. Пациентите не можат да ги исфрлат на улица а нивните деца не можат да ги најдат.
-Пробуваме да стапиме во контакт со нив но се недостапни. оставаат погрешни податоци, менуваат телефонски броеви и адреси, вели Нелоска
–Ова е како поука. Обезбедете ја староста сега не се потпирајте на никого, вели Нелоска
По судски пат и преку извршители Геронтолошкиот завод ќе ги наплати долговите. Но како изнемоштените старци од Геријатрија да ја добијат љубовта од семејството на кое му биле поткрепа а сега им се само товар.
Sitel.mk