Македонска работа: Го зеле наследството а родителите ги оставиле во герантологија и не плаќаат


Болната мајка ја сместиле на Геријатрија. Пензијата и имотот го присвоиле и ја заборавиле. Нема кој да ја посети ниту да ги плати долговите кон установата каде добива 24 часовна нега. Оваа старица на Геронтолошкиот завод 13 ноември му должи 10 000 евра. И финансиски и емоционално е злоупотребена од најблиското семејство. Но таа е само една од стотината стари и беспомошни пациенти од геријатрија на кои фамилијата им свртела грб и не им ги плаќаат трошоците, пишува Сител.

stari0

Над 10 милиони денари е долгот што ополномоштени семејсвта треба да го платат на Геријатрија за негата на нивните блиски. Во судска процедура се 139 предмети. Од установата помош побарале и од социјалните центри. Пациентите не можат да ги исфрлат на улица а нивните деца не можат да ги најдат.

-Пробуваме да стапиме во контакт со нив но се недостапни. оставаат погрешни податоци, менуваат телефонски броеви и адреси, вели Нелоска

Ова е како поука. Обезбедете ја староста сега не се потпирајте на никого, вели Нелоска

По судски пат и преку извршители Геронтолошкиот завод ќе ги наплати долговите. Но како  изнемоштените старци од Геријатрија да ја добијат љубовта од семејството на кое му биле поткрепа а сега им се само товар.

Sitel.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1