Македонски буџет, а албанска химна за училиштето во Џепчиште – уште една во низата провокации


Со интонирање на албанската химна и во присуство на вицепремиерот Муса Џафери, вчера во тетовско Џепчиште се отвори новото училиште изградено со пари од буџетот. Македонската химна не била воошто интонирана, а сите освен прествникот на општина Тетово зборувале само на албански јазик.

Новинарите го прашале заменик-министерот за образование Сафет Незири  зошто не е интонирана химната на Македонија.

,,Не би требало да се посвети внимание на некои елементи што не е прв пат да се случуваат. Тоа се случувало и во минатото и никогаш не биле поставувани вакви прашања. Ова не треба да се коментира,, изјавил Незири пренесува Дневник.

Според изјавата на Незири треба значи да стане практика химна на една странска држава да се интонира во Македонија, без притоа да се интонира државната химна??????? За кого се трошат државните пари кои во буџетот се слеваат од сите граѓани на Македонија доколку не се почитува ниту химната на оваа земја???

Училиштето во Џепчиште е инвестиција на Владата има површина од 2.500 квадратни метри во него ќе учат 350 ученици во 13 паралелки.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1