Македонски полициски синдикат: Ќе се спротивставиме на незаконските кадровски смени на новиот министер


Новиот министер за внатрешни работи кој како резултат на политички договор треба да биде ставен на чело на оваа институција не треба да работи според партиски директиви, туку да ги почитува Колективниот договор, прописите и системот на кариера воспоставен во Министерството, смета првиот човек на Македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовски, jавува Канал5mvr-zgrada

„Мислам дека најголема гаранција во овој дел дека тоа е неможно се договорите кои што ги спомнав таму постојат механизми кои не го дозволуваат тоа не можете по своја волја да го направи тоа . Ние како професионална организација сме партнер во тие процес и секогаш ќе ни биде на прво место стабилноста на работното место, на платите на вработеите и нивно зголемување и секако дека нема да дозволиме овие процеси да влијаат на оваа стабилност“, вели Климовски.

Извори од преговорите велат СДСМ бара политички договор за разрешувања во МВР, кои ќе ги направи новиот министер кој СДСМ ќе го предложи. Климовски вели дека синдикатот ќе се спротивстави на секоја кадровска промена која ќе биде спротивна на системот на кариера и Колективниот договор.

„Ние и досега го имаме тоа докажано не само за новиот ако тоа го планира или направи и во постојните рамки секојпат кога  мин прекрши некој пропис застануваме во заштита на колегите дури и поцена на утужување застануваме во заштита на правата на вработените бидејќи никој не е над законот и над Уставот“, вели Климовски.

Тој додава дека целта на преговорите и новите членови на Владата се фер и демократски избори и смета дека МВР е подготвено за остварување на таа цел.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1