Македонски поп во Австралија осуден на 1 година – давел сонародник зошто ја сликал црквата


Македонски свештеник во Австралија е осуден на едногодишна условна казна затоа што минатата година физички нападнал својот сонародник.

crkva-sidnejСпоред весникот Дневник, инцидентот се случил поради конфронтациите меѓу нашите сонародници во Австралија околу управувањето на црквата „Света Петка“ затоа што постои поделба меѓу поддржувачите и противниците на владиката Петар.

Свештеникот Наум Деспотовски започнал вербалната расправија со Зоран Бочкароски.

Расправијата  завршила така што Деспотовски го фатил за врат Бочкаровски бидејќи сметал дека тој неовластено прави фотографии во црковниот двор.

Бочкароски поднел тужба против Деспотовски кој пак на суд изјавил дека „не го допрел Бочкароски“, но дека бил многу лут зашто тој ја фотографирал жена му.

Сепка полициската истрага потврдила дека Деспотовски силно го фатил за врат Бочкаровски и тоа со двете раце.

СКАНДАЛ: РАСПОП ОД ЦРКВА ОД СИДНЕЈ ЌЕ ЗАДАВЕЛ ВЕРНИК НА ЦРКВАТА СВ.ПЕТКА

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1