Македонски спортски автомобил – го направија студентите од Машинскиот факултет во Скопје


По повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје се одржува дводневна изложба на иновативни студентски проекти и презентација на најновите меѓународни научни достигнувања од претставници на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје. 

Презентирани се голем број експонати и прототипи изработени од студентите од насоката Индустриски дизајн, како и прототип на спортско возило во природна големина, самостојно дизајнирано и моделирано од студентите на Машински факултет.
avtomobil-studenti-masinski-1

– Студентите генерално се многу мотивирани да работат, потребно е само да им се даде малку поттик за да се реализираат одличните замисли кои ги имаат, истакна проф. д-р Игор Ѓурков, вонреден професор на студиската програма Моторни возила и ментор на дел од учесниците на изложбата.

Воислав Денковски, студент во трета година на насоката Индустриски дизајн, смета дека ваквата промоција е важна за секој факултет, а особено за самите студенти.

– Се надевам дека во иднина ќе имаме можност да учествуваме на повеќе настани од ваков тип, бидејќи особено ни значи ваквата поддршка, нагласи  Денковски, кој имаше изложено дизајнирани амбалажи од челичен лим.

Меѓу многубројните посетители на изложбата беше и Марко Чаласан, седмоодделенецот кој стана најмладиот Мајкрософт систем-инженер на планетата. Марко ги охрабри креативните средношколци да го искористат својот талент во соодветните научни области.

– Многу ми се допаѓа оваа изложба организирана од Машинскиот факултет, бидејќи изложува многу работи кои би биле корисни за индустрискиот напредок, истакна Чаласан.

Кабинетот на Претседателот на РМ соопшти дека изложбата во Народната канцеларија – Скопје е само дел од низа активности со кои Претседателот на Република Македонија ја изразува својата поддршка за поттикнување на иновативноста, креативноста и научниот потенцијал кај младите.

Fakulteti.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1