Духови ја нападнаа куќата на јапонскиот премиер


Приказните за куќата на духовите не се причината поради којашто јапонскиот премиер Шинзо Абе сѐ уште не се вселил во неговата официјална резиденција, соопштија во петокот од кабинетот на премиерот како одговор на пратеничко прашање дали Абе верува во дамнешните озборувања за тоа место.

kukja japonski premierОткако во декември 2012 година ја презема премиерската должност Шинзо Абе не се всели во стариот објект од кафени тули изграден пред 84 години. Според јапонските медиуми, ова е првпат во историјата премиерот толку долго време да го одбегнува вселувањето во службената резиденција.

Приказните за проклетството почнале да се шират и откако повеќе премиери признале дека доживеале необични случки во таа зграда, но необелоденувајќи какви.

Во резиденција во текот на 1930-те двапати имало обиди за државен удар, а во мај 1932 година е убиен тогашниот премиер Тцујоши Инукаи

kukja japonski premier3Еден опозициски пратеник писмено се обрати до владата изразувајќи загриженост поради одлуката на премиерот да не престојува во резиденцијата којашто е сместена веднаш до неговата канцеларија, што во итни случаи, според него, може да доведе до задоцнети реакции.

„Кружат шпекулации дека врз службената резиденција е фрлено проклетство. Дали тоа е вистина?”, запрашал пратеникот глумејќи наивност.

Канцеларијата на Абе, исто така, во писмениот одговор изјави дека таквите шпекулации не се причината што премиерот сѐ уште не е вселен во резиденцијата.

Макфакс

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1