Македонскиот оркестар ќе ја сними музиката за филмот за Мајка Тереза


Македонскиот симфониски оркестар Ф.Е.И.М.’С ќе ја сними музиката за холивудскиот биографски филм за Мајка Тереза, насловен „Писмата“ (The Letters).

tereza-630x289Филмот е во постпродукција и се очекува премиерно да биде прикажан на 5 септември 2014 година, денот на смртта на хуманистката и нобеловка.

– Се чувствуваме почестено што успеавме да го склучиме договорот за снимање на музиката за овој филм во нашето студио. На еден начин го дожувуваме и како симболичен чин,  имајќи ја предвид  поврзаноста на Мајка Тереза со Скопје. Музиката ќе се снима во два дена, а композиторот поради потребните подоготовки за снимање на музиката ќе биде во Скопје четири дена, изјави Лорен Копитс, менаџер на оркестарот  Ф.Е.И.М.’С.

Сценарист и режисер на филмот е Вилијам Б. Рај, а улогата на Мајка Тереза ќе ја игра британската актерка Јулија Стивенсон. Во актерската екипа се и Макс фон Сидоу и добитникот на  Златниот глобус Роџер Хауер. Директор на фотографија е Џек Грин, познат по соработката со Клинт Иствуд.

„Писмата“ ќе го отслика животот на Мака Тереза и нејзината посветеност на луѓето на кои најмногу им е потребна помош. Филмот е сниман во текот на 2012 година на локации во Индија.

Денешен

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1