Терористи го урнаа авионот во Малезија – Американците ја проверуваат можноста


Изворите на NBC истакнале дека се сомневаат поради информациите дека во авионот од типот „Boeing 777-200″ не биле двајца патници, Италијанец и Австриец, пријавени за летот. Во два од случаите се знае дека во авионот патувале мажи кои се претставиле како Италијанецот, Луиџи Маралди и Австриецот, Кристиан Козел. Властите во Рим и Виена потврдија дека овие две лица не биле во авионот, бидејќи претходно пријавиле дека нивните пасоши се изгубени во Тајланд.

Овој детал, заедно со информацијата за мистериозното исчезнување на авионот во одлични временски услови, наведува на мисла дека авионот можеби е мета на терористички напад. Борци на Ал Каеда користеле слична тактика со украдени пасоши да се обидат да го скријат идентитетот.

malezija_645575S1„Сѐ уште нема докази за тероризам во случајот. Но, се разбира, тоа не е конечниот заклучок. Премногу е рано за да се каже нешто со сигурност”, рекол соговорникот на NBC.

Авионот на малезискиот нaционален авиопревозник MAS со 227 патници и 12 челнови на екипажот, полета од малезиската престолнина Куала Лумпур кон кинеската Пекинг два часа по полетување, околу 2.40 часот наутро, по 20 часот во петокот по македонско време, кога се наоѓал на Јужното Кинеско Море.

Анализите на податоци од радар покажуваат дека исчезнатиот малезиски авион „Боинг 777“ можно е да свртел и тргнал да се враќа назад, истакна Роѕали Дауд, командант на малезиските кралски военовоздухопловни сили.

Поради овие причини растојанието на потрагата по леталото е проширено до западниот брег на Малезија. Пронаоѓањето на остатоците од авионот може да трае повеќе денови и покрај напорите на неколку земји кои испратија 13 авиони и 29 бродови.

Експерти не ги исклучуваат ниту варијантите дека станува збор за откажување на моторот, дефект на авионот, екстремни турбуленции, пилотска грешка, па дури и самоубиство на пилотот.

Од „Malaysia Airlines” потврдија во меѓувреме дека на листата на патниците 154 се од Кина и Тајван, 38 се Малезијци, седум се Индонезијци, шест Австралијци, Пет Индијци, четворица Французи, тројца Американци, по двајца од Нов Зеланд, Канада и Украина, и по еден државјанин на Русија, Холандија, Австрија и Италија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1