Македонскиот полициски синдикат изразува длабоко сочуство и тага по повод трагичното губење на животите на петмина свои колеги , а на повредените над 30 припадници на Македонската полиција им пожелува скорешно закрепнување.
-На мрачните сили кои стојат зад овој трагичен чин им порачуваме дека нема да се смириме додека и последниот поединец не биде изведен пред лицето на правдата. Апелираме до поедини политички структури и медиуми длабоко во душата да се обидат да најдат барем зрно човечност и сожалување, да не го злоупотребуваат трагичниот настан за дневнополитички цели и да не остават нас и семејствата на загинатите да се обидеме достојно да се носиме со длабоката болка и тага која ја чуствуваме, стои во соопштението на Македонски полициски синдикат.