Македонските плати од 200 евра до 1100 евра


Вработените во воздухопловството, компјутерските програмери и финансиските услуги имаат највисоки плати во земјава.

broenje denari pari mk

Со просечна плата од 1108 евра врaботените во воздухопловниот транспорт се најдобро платените работници – покажуваат последните податоци на заводот за статистика. По нив следуваат програмерите со просечна плата од околу 814 евра, па банкарите кои во просек земаат над 700 евра. Во петорката од најдобро платени професиии се и фармацевтите и вработените во телекомуникациите.

НОЕМВРИ 2015
Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

вработените во воздухопловниот транспорт 1.108 евра
компјутерските програмери 814 евра
вработените во финансискиот сектор 711 евра
фармацевтската индустрија 676 евра
телекомуникации 631 евра

Додека најмалку платени пак, според просечната плата исплатена во ноември лани, се вработените што се занимаваат со рибарство и аквакултура, но и со производтсво на облека со просечни месечни примања од само 200 евра.

Прсечната плата на вработените во јавната администрација изнесува 26.368 денари (430 евра).

Според податоците од Сојузот на синдикати на Македонија,на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот му биле потребни околи 520 евра, пари за храна, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура, здравје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1