Македонските советници во Општина Кичево ја напуштиле седницата


Изгласувањето на членови на управните одбори на ЈП Комуналец- Кичево и на основните и средните школи во Кичево, беше точка на дневен ред на вчерашната седница на кичевскиот совет.
kicevo opstinaБројот на членови на Управниот одбор на ЈП Комуналец бил зголемен за уште 2 члена, од 9 на 11 членови. Предлогот во новиот управен одбор да има само двајца Македонци, наишло на силно негодување од коалицијата „Кичевчани за Кичево“, пишува порталот Кичево.
Од коалицијата велат дека соодносот во кичевскиот совет е 45 отсто спрема 55. Дополнително на ова маргинализирање е тоа што двајцата Македонци не биле нити предложени од коалицијата „Кичевчани за Кичево“, туку претставниците на ДУИ сами ги предложиле и си ги изгласале, без согласност на македонската опозиција во советот која гласала против.
Кичево.мк пишува дека во гимназијата „Мирко Милески“ и во основните училишта „Кузман Јосифоски – Питу“, „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Христо Узунов“ во Другово, каде наставата ја следат македонски класови, советниците на ДУИ во секој Управен одбор вметнале по 1 Албанец. Додека, пак, во Управниот одбор на гимназијата „Дрита“ и по основните училишта каде наставата се изведува на албански јазик нема ниеден Македонец.

Kicevo

Предлогот да има по еден Македонец во управните одбори во училиштата каде наставата е на албански јазик на коалицијата „Кичевчани за Кичево“ бил одбиен од советниците на ДУИ.
Македонци нема нити во Управниот одбор во основното училиште „Санде Штерјоски“ каде има настава и на Македонски јазик. На оваа одлука негодувал претставникот на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, Идавер Реџепоски, кој побарал да во Управниот одбор да има еден претставник Ром, бидејќи во тоа училиште учат голем број на ромчиња. Неговиот предлог бил одбиен.
Откако не беше прифатен ниеден предлог, претставниците на „Кичевчани за Кичево“ ја напуштиле седницата и без нивно присуство биле излгасани управните одбори за дел од градските и за приградските училишта, пишува порталот. Советниците на ДУИ воопшто не ни дискутирале по точките туку едноставно истите биле изгласани.
Кичево.мк
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1