Македонци и Црногорци повредени во тепачка, ги нападнал косовски државјанин


Масовна тепачка се случи денеска на бродската линија Анкона – Драч во раните утрински часови, јави „Газета експрес“.

Според полицијата, косовски државјанин влегол во конфликт со петмина странци, Црногорци и Македонци. Како резултат на кавгата, Косовецот прободел еден од нив.drac

Полицијата во Драч го уапсила државјанинот на Косово, Алтин Хакам (36), роден во Митровица со живеалиште во Лондон.

Полицијата започна кривична постапка против Далибор Јовановиќ (36) и Виктор Крстевски (34), кои живеат во Република Македонија и Драган Ковачевиќ (29) и Драгиша Гогиќ (25) години, кои живеат во Црна Гора.

Полицијата соопшти дека повредениот е црногорски државјанин В.M. (28), кој моментално се наоѓа во Воената болница во Тирана и е во критична состојба. Другите граѓани Драган Ковачевиќ, Драгиша Гогиќ и Виктор Крстевски се полесно повредени.

За време на конфликтот биле повредени и Алтин Хакам и неговата сопруга, 35-годишната Хакам Л со живеалиште во Лондон, кои се во регионалната болница во Драч надвор одживотна опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1