Македонци купија акци во Манчестер Јунајтед


Македонски државјани станаа акционери во најбогатиот светски фудбалски клуб Манчестер Јунајтед, пренесува македонскиот дневен весник „Дневник“.

Според весникот македонците имаат удели во фондот „Илирика“, кој вчера официјално овоможи тргување со неговите акции на Њујоршката берза.

Тимот инвестициски советници во „Илирика“ одлучи дека друштвото треба да купи акции во овој фудбалски тим – изјави Kоста Kостадиновски, директор на „Илирика фунд менаџмент“.

„Манчестер јунајтед“ понуди вкупно 8.333.333 А-класа обични акции, што е околу 20 отсто од сопственоста во компанијата. Цената на акциите на првиот ден на тргувањето се движеше околу 14 американски долари за акција, а пазарната вредност беше 555 милиони долари.

Можност да купи акции од премиерлигашкиот клуб сега има секој, а во Македонија ваквата опција е отворена, но преку инвестициските фондови во кои граѓаните веќе имаат удели“, велат во „Илирика“.
Можеби сега истите овие граѓани ќе им се отвори можност и удел во трансфер политиката на клубот и во изборот на фудбалери од страна на Сер Алекс Фергусон.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1