Македонци пред револуционерно откритие – ќе го забават стареењето на кожата


Триесет и шестгодишниот доктор на хемиски науки Проф – Рубин Гулабоски и 33 годишниот доктор на медицински науки Иван Богески од Прилеп, сметаат дека се пред огромно откритие – како да се забави процесот на стареење на кожата.

1466068_10152747493346988_1951304252_n-620x350

Со двајца германски научници тие патентирале дериват на познатиот „Коензим Ку 10“. 

Проф – Рубин Гулабоски објаснува дека е тоа нов витамин.

– Синтетизиравме дериват на познатиот коензим Ку 10. Тој е еден од најпознатите природни антиоксиданси кој ја штити кожата од влијанието на штетните честички – реактивните радикали, одговорни за стареењето на кожата и за канцерогени заболувања, појасни Гулабоски и прецизира оти соединението што го пронашле има својство да ги лови тие радикали, да ги уништува и повторно само да се обновува.

stareenje-na-kozata-450

Откритието е патентирано во Бирото за патенти во Германија, каде две години работеле прилепчаните Рубин и Иван заедно со двајца професори- биохемичар и физичар. Германското биро е соптвеник на авторските права кое со 300 илјади евра го публикувало откритието.

– Работевме на овој патент две години, тајно. Прво работевме друго, но кога видовме колку е битно ова соединение, навистина работевме тајно за до него да не стигнат други конкурентски куќи или факултети.

Тој е убеден дека ова може да биде револуција во забавувањето на процесот на стареење.

Повеќе на следниот ЛИНК 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1