Македонци први во Европа направија бојлер кој се вклучува преку телефон


„Бојлерот, контролорот и софтверот се македонски производи. Само со еден клик на телефонот ќе може да се вклучи бојлерот од каде што сакате“

Леов“ на Саемот во Милано го претстави првиот смарт-бојлер, не само кај нас туку и во Европа, кој ќе се управува со паметен телефон, пишува УТРИНСКИ

bojlerВо овој бизнис сме први. И бојлерот и контролорот се македонски производи, а и софтверот што ќе се вгради. Јас ја имав идејата, а ја усоврши млад тим ИТ-инженери од Скопје.На овој начин веќе нема да бидеме зависни од тоа дали има некој дома за да го вклучи бојлерот. Само со неколку клика на телефонот ќе може да се вклучи бојлерот од каде што сакате. Може едноставно додека сте во кафуле да го сторите тоа. Бојлерот може да биде поврзан со повеќе телефони, што значи дека секој член од семејството ќе може да го вклучи кога ќе посака.

Работиме на тоа уште во јуни веќе да стартуваме со овој систем. Ќе биде многу едноставен. Во самото пакување ќе има код, кој ќе треба да го скенираат купувачите, да ја симнат програмата и бојлерот да го поврзат преку сериски број, кој ќе го добијат со купувањето. Ќе чини малку повеќе од обичниот бојлер.

А дали ќе троши повеќе?

Не, напротив ќе биде и екобојлер, што значи ќе троши оптимална струја, ќе биде програмиран да ја искористи евтината струја со екомодот. И со најмала потрошувачка на струја ќе имате топла вода. Самиот бојлер ќе има систем кој ќе го води сопственикот за да троши малку топла вода за време на скапа струја, освен ако вие не сакате поинаку. А самиот термостат ќе има и антибактериска функција. Малкумина знаат дека ако бојлерот не се користи повеќе од десет дена, водата може да фати бактерија – легионела. Новиот бојлер фактички ќе има систем, доколку не се користи подолго време, самиот да се вклучи на највисока температура за да го исчисти. Ова ќе биде особено добро за викендичките.

Целото интервју на – Утрински

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1