Македонци заработуваат месечна плата само со гледање реклами пред компјутер


„Бухбери“, „Необух“ и „Југетпрофит“ се имињата на неколку од веб-страните преку кои може онлајн да се заработува. Ваквите сајтови дејствуваат како посредници меѓу фирмите кои се рекламираат и нивните таргет групи. Фирмата и плаќа на веб страницата за да се рекламира, а дел од таа исплата потоа оди за оној кој ја гледа рекламатаPay-Per-Click-Advertising-9

Работата е флексибилна и лесна и може секој да ја работи. Вашата задача е само да ги отворате рекламите кои ги сервисира вашата веб – страница, велат македонските корисници кои на овој начин заработуваат.

Најчесто се заработува по помалку од еден цент за еден клик, а колку повеќе кликови имате толку поголема ќе биде и заработувачката, велат тие.

Заработувачката на интернет во светот е широко распространета. Македонците се запознаени со начините на кои онлајн може да заработат, но не го практикуваат таквиот начин на заработка.

Луѓето што сакаат онлајн да заработуваат, треба да внимаваат на кои веб-страни се регистрираат и да го проверат рејтингот на истата, бидејќи често пати се случува да не бидат исплатени. Дел од оние кои веќе подолго време заработуваат на интернет тврдат дека дневно може да се заработи и по 25 долари дневно.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1